Општина Гевгелија спроведе акција за чистење на спомен-шумата
Mасовен одѕив од граѓани, невладини организации, граѓански здруженија, вработени во локалната самоуправа и од јавното комунално претпријатие имаше еколошката акција за чистење на некогашниот „Армиски парк“, што ја организира Општина Гевгелија.
Акцијата целосно беше посветена на чистење на просторот во кругот на некогашната касарна и на споменикот кој потсетува на еден трагичен настан од Втората светска војна кога биле стрелани седум млади луѓе од Гевгелија и околината.
–На ваков начин заедно треба да ја демонстрираме грижата кон сите споменици од војните кои се воделе на овие простори и истовремено да даваме придонес за чиста и зелена Гевгелија,рече градоначалникот Сашо Поцков.
За чиста и поубава Гевгелија,од општината најавија одржување на редовни месечни и квартални еколошки акции заедно со граѓаните на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник