Општина Гевгелија се определи да остане еколошка оаза
Советниците на општина Гевгелија на последната седница која заврши доцна синоќа едногласно дадоа негативно мислење и гласаа против отворање погон на италијанската компанија ПиП индустрис за преработка на отпад во пелети кои би се извезувале во Италија, како и против доделување концесија за детални геолошки истражувања за злато на планината Кожуф.
Градоначалникот Сашо Поцков информираше дека по јавната презентација во јуни доставил негативно мислење по доставените барања и дека по само четири месеци барањата повторно биле доставени преку Министерставата за животна средина и економија по што оценил дека добро е за нив да се произнесат и советниците.
Советниците, сметаат дека отворањето на погонот и давањето на концесијата би биле против определбата на општината и на граѓаните да остане зелена и европски ориентирана општина.
На седницата беа присутни и претставници на граѓанските здруженија кои се занимаваат со прашања од областа на екологијата и животната средина.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград