Општина Гевгелија ќе стипендира пет студенти по медицина
Во студиската 2019/2020 година општина Гевгелија ќе стипендира пет студенти, жители на општина Гевгелија, со запишан прв семестар на медицинските факултети во земјата во тековната студиска година, па се до завршување на студиите доколку се редовни студенти, соопштија денеска од Општината.
–Износот на стипендијата по студент ќе изнесува 6.000 денари и ќе се доделува десет месеци во годината, поточно во периодот од септември оваа година до јуни 2020 година на апликантите кои ќе освојат најмногу бодови според исполнетите критериуми од конкурсот, велат од општината.
Критериумите според кои ќе се доделуваат стипендиите се остварениот успех во средното образование, сертификати и освоени дипломи од државни натпревари, материјалните можности на студентот и неговото семејство како и на студенти на самохрани и родители со инвалидитет и на студенти со посебни потреби.
Пријавите за стипендии заедно со документите за исполнување на условите, апликантите треба да ги поднесат најдоцна до 4 декември на адреса на локалната самоуправа во Гевгелија.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати