Општина Гевгелија ќе го реновира сместувачкиот капацитет во Смрдлива Вода
- Општина Гевгелија од својот буџет ќе издвои над 1,2 милиони денари за реновирање и адаптација на објектот за сместување во планинарското одморалиште Смрдлива Вода, што е во нејзина сопственост.
Овој износ, велат од општината, претставува 10 отсто од вредноста на вкупната инвестиција од 12,3 милиони денари за која општина Гевгелија аплицираше на повикот за изразување интерес за добивање грантови за реализација на проекти од областа на развојот на инфратруктурата поврзана со туризмот.
Проектот предвидува целосна реконструкција и внатрешно уредување на објектот за кој, како што во својата дискусија спомна градоначалникот Сашо Поцков, по неговата комплетна адаптација советниците ќе одлучат што понатаму со него, дали преку јавен повик ќе се издава или пак ќе се продава.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
