Општина Гази Баба продолжува со изградба на пешачки патеки и тротоари
Општина Гази Баба продолжува со изградба на пешачки патеки, тротоари и плоштади на својата територија и во првата фаза се изработени тротоари со вкупна должина од околу седум километри, а во втората фаза планира изградба на тротоари во повеќе населени места со вкупна должина од околу 2,3 километри.
Како што соопшти општината, вкупната инвестиција на проектот е 5.600.000 денари, а изведувач е фирмата ЈуБај2.
Градоначалникот Тони Трајковски изврши увид во градежните работи на пешачки патеки од павер елементи во населба Ченто на улиците „Јужноморавски бригади“ и „Среќко Пужалка“ како и на улицата „Катлановска“ кај објектот „Синоличка“ кој е дел од детската градинка „25 мај“. Тој упати апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите, бидејќи тие служат за пешаците и нивно безбедно движење.
Ново на Сител
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата