Општина Гази Баба додели два гранта за студенти иноватори
Општина Гази Баба почна да доделува грантови од по 100.000 денари за поттикнување и развивање на иновативноста кај студентите. Грантови добија два проекта - „Иновативен модуларен уред за контрола на наводнување“ на група студенти од Земјоделскиот факултет и „Зелена лична карта на Дендро паркот” од Шумарскиот факултет.
Јавниот конкурс, кој беше објавен на 12 април, траеше до 4 јуни, а со проекти се пријавиле три факултети на територија на Гази Баба - Факултетот за туризам и бизнис-логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет.
Иноваторите ќе ги добијат средствата во два дела - половина пред имплементацијата на проектот, а вториот дел откако ќе биде завршен. Крајниот рок за нивната реализација е 30 октомври оваа година.
- Гази Баба и понатаму ќе продолжи со поддршка на проекти од сите области. Три стартап фирми веќе ја уживаат нашата потпора. Сакаме да ги мотивираме младите во осмислување и реализација на нивните идеи, за решавање на невработеноста и отворање сопствени компании, како и проекти коишто нудат семејно земјделско стопанство, истакна градоначалникот Борис Георгиевски на презентацијата на идеите, додавајќи дека реализацијата на вакви проекти во иднина значително ќе придонесе за развој на општината.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР