Општина Чешиново Облешево поставува информативни табли до природните и културно историските знаменитости
Општина Чешиново Облешево по неколку месечни подготовки и најави, започна со поставување информативните табли кои се однесуваат за природните и културните знаменитости во општината.
Информативните табли со ознаките ќе бидат поставени на јавни површини во непосредна близина на локалитетите за кои се наменети, без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот.
- Ако досега се соочувавме со проблемот за тешко пронаоѓање како на селата од општината, така и на позначајните културно историски објекти, цркви, манастири, извори на топла вода, сега овој проблем веке ке го нема,бидејки со поставување на информативните табли се менуваат и многу работи во однос на пристапноста и запознавањето со локалитетите во општината,изјави денеска Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.
Овој проект, истакна Постолова, општината Чешиново Облешево го реализира со финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од 430, 569.00 денари, и со 232,598.00 денари сопствено учество на општината. Фирма изведувач е „Виа Сигнал“ ДООЕЛ Скопје, додека поставувањето на информативните табли го реализира ЈПКД „Облешево“ од Облешево.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори