Општина Чешиново Облешево подели 25 социјални пакети со храна на социјално загрозени семејства
По повод 17 март, Денот на формирање на Црвен крст и Денот на крводарителството во Република Македонија, во соработка со Општинската организација на Црвен крст - Кочани, Општина Чешиново-Облешево се вклучи во одбележувањето со неколку активности.
Градоначалникот Костадин Личков се сретна со делегација од крводарители и волонтери на Општинската организација на Црвен крст–Кочани, како и со повеќератни крводарители кои над 100 пати дарувале крв и спасиле живот, а кои потекнуваат од општина Чешиново Облешево.
Покажувајки ја својата хуманост на дело, општината организираше хуманитарна акција, односно обезбеди и подели 25 социјални пакети со храна на социјално загрозени семејства од повеке населени места во општината.
Со овој хуман гест се подигнува и јавната свест за грижа кон оваа група на граѓани. Општина Чешиново-Облешево и натаму ќе организира акции за помош и ќе им излегува во пресрет на овие семејства кои имаат потреба од помош.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна