Општина Чешиново Облешево ќе гради нов мост кај село Соколарци
Oпштина Чешиново Облешево ќе гради нов мост на регионалниот пат R2342 на влезот кај село Соколарци во близина на Млечната индустрија „Осогово Милк“.
Изградбата на овој мост е дел од програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите настанати во општината Чешиново Облешево минатата година, финансирана од Европска унија и спроведена од страна на УНДП.
- Во текот на изминатата недела од страна на претставник од УНДП беше извршена теренска посета на локацијата каде што ќе се гради мостот. Со работа се очекува да започнат кон средината на месец април, изјави за МИА Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново Облешево.
Фирма изведувач која ќе ги врши работите е „ Жикол“ од Струмица. Изградбата на овој мост е од особено значење за жителите на село Соколарци како и за околните населени места од општината кои преку регионалниот пат од село Жиганци се поврзуваат со општина Пробиштип
Според Личков, со изградбата на овој мост ќе се реши еден долгогодишен проблем на жителите од ова населено место, каде за време на врнежи и со надоаѓање на поголеми количества вода овде минувањето беше значително отежнато.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло
-
МПЦ-ОА го празнува споменот на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар