Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
Општина Центар спроведува голема акција за чистење, истовремено се чистат шест различни локации низ општината. Во рамки на акцијата „Центар не чека, Центар чисти“, јавните површини во централното градско подрачје добиваат нов сјај, со помош на тимската работа на општинските служби и поддршката од граѓаните, информираат попладнево од локалната самоуправа.
Како што појаснуваат, чистењето ги опфаќа паркот кај Домот на АРМ, позади споменикот „Мајка Тереза“, потоа реонот околу Зелено пазарче, плочникот и клупите кај Градски ѕид, паркингот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, паркингот кај Министерството за внатрешни работи, како и депонијата позади трговскиот центар „Буњаковец“.
- Со ангажман на механизација и рачна работа, се отстрануваат отпадоци, се санираат оштетени површини и се враќа чистиот изглед на овие фреквентни јавни простори, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.
Во писмената изјава на градоначалникот Горан Герасимовски се наведува дека покажуваат оти Центар е синоним за акција и грижа за заедницата.
- Шест локации во еден ден значат шест големи чекори напред кон чиста, уредна и здрава средина. Акцијата ќе трае и ќе се проширува во текот на пролетта со генерални акции за чистење во училиштата, градинките и секое ќоше на општината. Верувам дека граѓаните ги препознаваат напорите и помагаат пред сѐ, со тоа што внимаваат на животната средина и не фрлаат ѓубре. За чист Центар, потребно е сите да дадат поддршка, смета Герасимовски.
Од локалната самоуправа додаваат дека Центар не само што чисти, туку поставува стандарди за другите општини што во изминатите денови почнаа со слични акции.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртел на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило