Општина Центар: Казни за сопственикот кој рамнел земјиште на Водно
Во однос на вчерашниот прилог на ТВ Сител за никнување на нова населба во парк шумата Водно, Општина Центар Ве информира дека и вчера и денес инспекторите од Секторот за инспекциски работи на општината го завршија увидот.
Се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба ниту пак населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна. Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор. Доколку се утврди прекршување на законските одредби, ќе добијат соодветни кривични пријави. Граѓаните да бидат спокојни, на тоа место нема ништо да се гради.
За сите понатамошни постапки, јавноста ќе биде информирана дополнително.
Одделение за односи со јавност
Општина Центар – Скопје
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје