Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии

Општина Центар и овој викенд продолжува со теренските активности за расчистување на диви депонии и отстранување на последиците од невремето. Вчера и денеска, со два багери и два камиони, општинските екипи работат на расчистување на натрупан отпад во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало.
Паралелно се продолжува и со расчистување на локациите зафатени од невремето, каде што се отстрануваат паднати гранки и зеленило.
Од Општина Центар информираат дека секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни површини, паднати гранки и зеленило. Иако дел од овие активности не се во директна надлежност на Општината, општинските екипи излегуваат на терен и интервенираат таму каде што е потребно.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати апел до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ редовно и навремено да ги извршуваат обврските од нивна надлежност.
- Граѓаните не треба да бидат заложници на тоа кој за што е надлежен. Тие со право очекуваат чисти улици, собран отпад и уредени јавни површини. Најголем дел од поплаките завршуваат кај нас во Општина Центар и затоа реагираме секогаш кога можеме. Но, не можеме трајно да ги преземаме обврските на другите институции. Апелирам до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ да бидат присутни на терен и да си ги извршуваат своите надлежности. На граѓаните им треба решение, а не префрлање на одговорноста- порача Герасимовски.
Од Општина Центар најавуваат дека ќе продолжат со расчистување на критичните точки и со интервенциите по невремето. Воедно, апелираат до граѓаните да не оставаат отпад на јавните површини и да не создаваат нови диви депонии на местата што веќе се расчистуваат.
МИА
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
