Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
Општина Центар вечерва информира дека од понеделникот, откако Градот Скопје ги оставил центарските улици во смет, активирани биле 120 хигиеничари од локалната самоуправа. Тие три дена по ред ги чистеле јавните површини во централното градско подрачје, без разлика дали е под надлежност на Град Скопје.
- Спроведовме акција за чистење на нашата општина. Глетката што ја имавме пред два дена не смее да се повтори. На терен се 120 хигиеничари и со целосна механизација, со цистерна, со метларки и со камион се чистат улиците и се собира сметот. Општинските служби и вечерва и утре продолжуваат со работа во обезбедувањето на почист и посреден Центар. Апелирам Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да се фатат за работа, да ги чистат контејнерите и да ги одржуваат улиците чисти во општините каде што имаат надлежност, се наведува во писмената изјава на градоначалникот Горан Герасимовски.
Акцијата на Општина Центар, како што се додава во соопштението, продолжува и во текот на утрешниот ден.
- Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на телефонските броеви 076/350-767 и 02/3203-693. Општинските служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во централното градско подрачје. Центар не чека, Центар чисти, се истакнува во соопштението на локалната самоуправа.
Ново на Сител
-
Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“
-
Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-
Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната
-
Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп
-
Поради дојави за бомби се евакуираат ученици во Аеродром
-
Нов бојкот за пазарење во маркетите, надлежните најавуваат мерки денес или во понеделник
-
Иницијатива за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет, доколку се изгласа недоверба тие сами одлучуваат дали ќе се повлечат
-
Во Собранието јавна расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот