Општина Бутел: Се чисти коритото на реката Серава
На територија на Општина Бутел, денеска стартуваше акцијата за чистењето на речното корито на реката Серава. Според најавите на Општината, откако комплето ќе биде исчистено коритото, веднаш ќе се пристапи кон негово целосно уредување.
-Започнавме со реализација на еден од носечките проекти во мојата предизборна програма – чистење и целосно уредување на речното корито на реката Серава. Во оваа прва фаза започнување со чистење во населеното место Радишани и продолжуваме фазно во населеното место Расадник, Кучевишка Бара и Бутел 1. Во втората фаза ќе продолжиме со целосно уредување на кејот на река Серава и изградба на трим патека со сите пропратни елементи – информира градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
Според Костовски, на овој начин конечно ќе се реши овој деценски проблем со реката Серава а граѓаните на општина Бутел конечно ќе имаат едно убаво катче за прошетака и рекреација.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
