Општина Босилово се подготвува за референдумот за рудниците
Општина Босилово се подготвува за референдумот за рудникот Иловица што ќе се одржи на 3 септември. До утре до полноќ гласачите од оваа општина кои сакаат да го дадат својот глас, а се болни или немоќни, треба да се пријават од Општинската изборна комисија (ОИК) за да го остварат своето право на глас.
Како доказ за неможноста да гласаат во редовна постапка, овие лица треба да достават лекарско уверение од матичен лекар или документација од лекар-специјалист или пак решение за користење туѓа нега.
Гласачите, пак, кои доколку издржуват мерка куќен притвор, а сакаат да гласаат, треба преку ополномоштено лице најдоцна до 30 август да ја известат ОИК.
Од ОИК велат дека до четврток треба да бидат готови списоците со бројот на гласачи, кои ќе имаат можност да го искористат гласачкото право на 19 гласачки места.
На референдумското гласачко ливче ќе бидат поставени две прашања, едното дали граѓаните се ЗА или ПРОТИВ отворање на рудникот за бакар и злато Иловица, а другото, дали се ЗА или ПРОТИВ отворање и ископ на метални или металична руда.
Во струмичкиот регион ќе се одржи референдум и во Општина Ново Село кој ќе се одржи на 17 септември годинава.
Ново на Сител
-
Запленети над 1.000 часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ на Богородица, увезени од Кина чинеле 60.852 денари
-
Променливо облачно со дожд до четврток, а потоа стабилно, суво и потопло
-
Тешко повреден работник во Неготинско, неготинец пријавил дека синот бил физички малтретиран од друг малолетник
-
Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
-
Кога групацијата навистина се грижи: Бесплатни прегледи за сите жени во тимот
-
Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена, но унгарскиот народ одлучи
-
Црвен метео аларм во Бугарија и Романија
-
Приведени двајца криумчари од Скопје, пронајден илегален мигрант од Турција