Општина Битола со јавни препораки за заштита на амбиенталниот воздух
Општина Битола посочи јавни препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух во градот, како и мерки за спречување на загадувањето на воздухот.
Јавните препораки се испраќаат откако е регистрирано надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи дека прагот за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) е надминат во мерните станици Битола 1 и Битола 2.
– На 16 јануари на мерната станица Битола 1 регистрирани се 107.193 ( µg/m3), а на мерната станица Битола 2 регистрирани се 175.915 ( µg/m3). Во текот на вчерашниот ден вредностите се уште поголеми, односно на мерната станица Битола 1 ресгитрирани се 157.476 ( µg/m3), а на мерната станица Битола 2, ресгитрирани се 266.926 ( µg/m3). Затоа апелираме граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат и претставниците на Секторот здравство, во случај на надминување на прагот на информирање за PM10, нагласуваат од општина Битола.
Битолската локална самоуправа препорачува почесто да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат во едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума или било кој друг синтатички материјал и правилно да се користат печките на дрва.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции