Општина Битола објави конкурс за избор на „Најубав новогодишно украсен простор“
Општина Битола, во пресрет на Новогодишните и Божикните празници објави конкурс за избор на „Најубав новогодишно украсен простор“.
Од локалната самоуправа информираат дека заинтересираните граѓани, правни и физички лица кои сакаат да се натпреваруваат за најубаво, најкреативно и најинтересно новогодишно украсување можат да се пријават во општината најдоцна до 28 декември.
- Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците учесниците можат да ги достават на интернет адресата contact@bitola.gov.mk или во архивата на општина Битола со назнака за конкурсот за избор на „Најубав новогодишно украсен простор“. Годинава ќе доделиме награди во три категории и тоа, награда за најубаво новогодишно украсени куќи и дворови, награди за најубаво новогодишно украсен станбени згради и балкони, како и награди за најубаво новогодишно украсени институции и угостителски објекти. Според востановената традиција, наградите ќе ги додели градоначалникот Владимир Талески, соопштуваат од секторот за односи со јавност при општина Битола.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори