Општина Битола ќе гради улици, водовод и улично осветлување во поранешната касарна
Општина Битола објави барање за затворени понуди од понудувачи за изградба на седум улици со тротоари, водовод, систем за атмосферска вода и улично осветлување во поранешната воена област AРM-1 и AРM-2, односно поранешната касарна во градот.
Од локалната самоуправа информираат дека изградбата и реализацијата на овој инвестициски процес треба да заврши во рок од 15 месеци, а наддавањето за понудувачите ќе се врши преку меѓународен тендер.
- Република Македонија доби заем од Меѓународната банка за обнова и развој, за Проектот за подобрување на општинските услуги, и има намера дел од добиените средства од овој кредит да исплати во изградба на седум улици со тротоари, водовод, систем за атмосферска вода и уличното осветлување во поранешната воена област AРM-1 и AРM-2 во општина Битола, информираат од општина Битола
Објавенениот повик за искажување интерес е отворен до 21. декември до кога се приложуваат затворени понуди од подобни понудувачи за изградба на оваа инфраструктура во поранешната касарна, и истиот ден понудите ќе бидат јавно отворени, нагласуваат од општина Битола.
Ново на Сител
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад