Општина Битола ќе гради седум нови улици во поранешната касарна
Општина Битола и градежната компанија „Гранит“-Скопје денеска потпишаа договор за изградба на седум улици со комплетна инфраструктура во поранешната касарна во Битола.
Станува збор за инвестиција во поранешната касарна и населбата „Златен рид“ која ќе заврши за 15 месеци со што за тој дел на градот ќе биде обезбеден целосно нов лик, посочи градоначалникот на општина Битола Владимир Талески по потпишувањето на договорот.
- За овој проект побаравме задолжување до 2,5 милиони евра од Министерството за финансии и Светска банка и добивме согласност. Во текот на тендерската постапка цената беше спуштена на над 1,5 милиони евра и со тие средства ќе се врши изградба на водоводна мрежа, атмосферска канализација, електрификација, асфалтирање и се што е потребно за седум улици во просторот на поранешната касарна, истакна Талески.
Тој потврди дека општината ќе може да ги користи сите средства од задолжувањето за инфраструктурно вложување во касарната по завршувањето на првиот дел од овој реконструктивен зафат со кој ќе биде регулирана сообраќајната комуникација на дветретини од просторот на поранешната касарна и новоизградените улици ќе бидат поврзани со главните сообраќајни артерии во тој дел на градот.
Ново на Сител
-
Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027
-
Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ
-
Приведени четири странски државјанки во Гостивар поради злоупотреба на туристичкиот престој
-
Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките
-
Обвинение за мотоциклистот кој усмрти пешак на пешачка патека и побегна
-
Приведен возач од струшко, управувал возило со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час