Општина Битола издвои 1,3 милиони денари за финансирање во туризмот
„Битола – атрактивна туристичка дестинација“ е насловена програмата на Општина Битола за чија реализација ќе бидат издвои 1,3 милиони денари.
Програмата е составен дел на стратегијата за социо-економски развој во која акцент се придава на развојот на туризмот како глобален тренд и гранка со исклучителен потенцијал и можности, информираат од локалната самоуправа.
Во текот на оваа година, согласно програмата, ќе има поинтезивни активности за подoбрување на условите за развој на туризмот во општината, односно подобрување на туристичката понуда на локално ниво преку отворање на туристичко инфо-биро во кое ќе се нудат информации за сместување, посета на знаменитости, влезници за настани и манифестации, продажба на туристичка мапа, водич, разгледници и сувенири. Бирото ќе биде лоцирано на препознатлива локација во централното градско јадро, а за негова функција се издвоени од 400.000 денари.
Од општинските буџетски средства локалната самоуправа во текот на годината ќе издаде туристичка брошура, разгледници, мапа на градот и промоција на посебни локалитети.
- Новина се иницијативата за изработка на маскота на градот, избор и промоција на туристичко лого на Битола, интеренет промоции на домашни и странски портали, обука на локалното население за подобар однос кон туристите, формирање туристичка волонерска патрола и брендирање на туристички производ, информираат од општина Битола.
Во рамки на програмата за развој на туризмот, општина Битола ќе донесе детални урбанистички планови за реализација на проектот „Ниже Поле – туристички центар“ и изградба на велосипедски патеки, а со веќе издвоените 100.000 денари ќе се изврши поставување на урбана опрема, туристичка сигнализација и инфо киосци на повеќе локации во градот.
Ново на Сител
-
Скопје ќе биде домаќин на Европски куп во џудо
-
Зеленски: Русите го бомбардираа селото Јарова во Доњецк, убивајќи над 20 цивили
-
Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ се пуштени дома, четвртиот испратен на дополнителни испитувања
-
Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел
-
Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна
-
Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, следува пријава | ФОТО
-
Калас: ЕУ годинава ќе и обезбеди на Украина 25 милијарди евра поддршка
-
Приведен Романец на Граничен премин Табановце, кај него била пронајдена марихуана