Македонија
16. January 2016 - 13:02

Општина Аеродром ќе ја реконструира ул. „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче

Општина Аеродром комплетно ќе ја реконструира улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче. Тендерот за реконструкција го објави Општина Аеродром.

Улицата е во должина од 1.500 метри, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.

Од Општина информираат дека во текот на 2016 година се планираат и други инфраструктурни проекти во Горно Лисиче, како што се реконструкција на три моста на Усјанскиот канал, нови пешачки патеки на булеварот „Февруарски поход“, поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците „Тодор Чангов“ и „Горно Лисиче“, кои беа неодамна комплетно реконструирани, поставување клупи, канти за отпадоци и заштитни огради, како и осветлување на паркот во изградба покрај кејот на Вардар.