Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава

Општина Аеродром денеска соопшти дека започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со цел заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на граѓаните.
- Согласно со член 9 од Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање бучава над пропишаните гранични вредности. Во станбените објекти, во вечерниот период од 19:00 до 23:00 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 35 dBA, а во ноќниот период од 23:00 до 07:00 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 30 dBA. Овластените инспектори за животна средина на Општина Аеродром ќе спроведуваат интензивни и континуирани контроли, со посебен фокус на угостителските и туристичките објекти, со цел доследно почитување на законските одредби, информираат од Општина Аеродром.
За непочитување на законските норми предвидени се високи санкции, и тоа: глоба од 6.000 до 7.000 евра (во денарска противвредност) за микро трговци, од 13.000 до 14.000 евра за мали трговци, од 37.000 до 41.000 евра за средни трговци, од 62.000 до 69.000 евра за големи трговци, како и глоба од 2.000 евра за трговец поединец.
- Глобите се изрекуваат доколку нивото на бучава при вршење на угостителска или туристичка дејност ги надминува пропишаните гранични вредности, посочуваа од Општината.
Општина Аеродром упатува апел до граѓаните, доколку се изложени на прекумерна бучава, случаите веднаш да ги пријават на електронската адреса: inspekcija@aerodrom.gov.mk.
Ново на Сител
-

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
