Општина Аеродром: Граѓаните до 10 ноември да пријавуваат локација за садење дрвја

Општина Аеродром денеска објави прашалник за прибирање предлог-локации за садење нови дрвја на јавни зелени површини во текот на ноември.
– Се повикуваат граѓаните до 10 ноември 2019 година да даваат свои предлози за садење дрвја што се наоѓаат на јавното зеленило под ингеренции на Општина Аеродром, односно локации покрај улици, јавни зелени површини и места каде што досега не биле насадени дрвја или биле исечени, се вели во соопштението од Општина Аеродром.
Предлозите, како што се наведува, ќе бидат земени предвид доколку бидат исполнети условите на терен, односно земјиштето да е во сопственост на државата и садењето да не ја оштетува подземната инсталација.
Општина Аеродром за есенското садење дрвја има обезбедено околу 3.000 различни видови зимзелени и листопадни садници, а во изминатата година на територијата на Општината беа засадени над 2.000 високостеблести дрвја.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
