Општина Аеродром: Даночните обврзници да си ги подмират долговите

Општина Аеродром ги повикува даночните обврзници кои имаат заостанат и неплатен долг што произлегува од Законот за даноците на имот, неодложно да ги подмират своите обврски. Информираат дека во согласност со одредбите за присилна наплата и обврските кои произлегуваат од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година.
Од општината посочуваат дека даночните обврзници доколку имаат платено данок, а не е регистриран, за да се избегне блокирања на сметките, граѓаните можат да се јават односно лично да отидат во просториите на Град Скопје, барака 16 секој работен ден од 7:30 часот до 16:30 часот.
Општина Аеродром информира дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година.
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
