Општи избори во БиХ на 7 октомври

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина денеска донесе одлука за распишување избори за сите нивоа на власт на 7 октомври 2018 година.
- Тоа се директни избори, а ќе се избираат членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Пратеничкиот дом на државниот парламент, пратеници во Пратеничкиот дом на Федерација БиХ и во Народното собрание на Република Српска, претседател и двајца потпретседатели на РС и одборници во собранијата на десет жупании во ФБиХ, соопшти претседателката на Изборната комисија Ирена Хаџиабдиќ.
Според податоците на Изборната комисија, во БиХ се регистрирани околу 3,3 милиони избирачи, а проценката е дека изборите ќе чинат 8,5 милиони конвертибилни марки (околу 4,3 милиони евра). Дел од средствата ги обезбедија ОБСЕ и Советот на Европа.
До 24 јули е крајниот рок за регистрација на бирачите од странство кои сакаат своето гласачко право да го искористат по пошта.
Изборната кампања официјално почнува на 7 септември и ќе трае до 6 октомври.
На изборите во 2014 година за нешто повеќе од 500 изборни позиции се натпреваруваа 7.748 кандидати.
Изборите се распишани и покрај фактот што некои од одредбите на актуелниот Изборен закон се ставени надвор од сила со одлука на Уставниот суд на БиХ, кој уште во 2016 година оцени дека не се согласно Уставот тогашните решенија, со кои е дефиниран начинот на посредно бирање пратеници во Домот на народите на парламентот на ФБиХ
Хаџиабдиќ изјави дека постојната состојба е спротивна на ставовите на ОБСЕ за принципите за спроведување избори, задолжителни за сите членки на организацијата, а со кои е утврдено дека не е дозволено да се менуваат изборните правила непосредно пред изборите, но во случајот на БиХ ваквата состојба не е преседан.
- Ако не дојдеме до законските решенија кои недостасуваат, ќе бидеме во големи проблеми, изјави Хаџиабдиќ.
Таа потсети дека Парламентот на БиХ треба да работи до 7 септември и оти дотогаш можат да се донесат закони и нивни измени.
Од Домот на народите на Парламентот на ФБиХ воедно се избираат и хрватските и бошњачките застапници во Домот на народите на Парламентот на БиХ, и без тоа тело не е можно да се носат зкаони на државно ниво.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
