-->
-->
Опрема за чистење на Транзитниот центар Табановце со јапонски пари
-->

Од Програмата за техничка поддршка на Јапонската амбасада, Куманово ќе набави опрема за комунален отпад, возило и триесет контејнери, вредни вкупно 68.000 евра.
Како што соопшти денеска градоначалникот Зоран Дамјановски, опремата е за потребите на Транзитниот центар Табановце во кој има 1.500 мигранти и каде најголеми проблеми се комуналниот отпад, отпадните води и водоснабдувањето, а поддршката е потврдена со Договорот потпишан завчера од Општината и Амбасадата.
- Со новата опрема ќе ги зајакнеме капцитетите на „Чистота и зеленило“ за актуелниот проблем во Табановце со бегалската криза, рече Дамјановски на прес-конференција и информира дека има најави и за други донации од Европската канцеларија: за цистерни за отпадни води и за машински дел за обработка на површини за регулирање на патната и приодната инфраструктура.
Со грант од Јапонија во вредност од 302.020 евра во Македонија ќе се финансират пет проекти за помош во справувањето со мигрантската криза и за санирање на штетите од минатогодишните поплави. Грантот е одобрен преку програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“, основана од Владата на Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
