Македонија
15. јуни 2021 - 16:57

Опозицијата бара изучување на историјата, власта тврди дека ќе има

Историските напади со кои Македонија се соочува во овие моменти од источниот сосед се доволна причина  во закон да нагласи дека историјата е задолжителен предмет во основното образование. Ова е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Комисијата за образование по повод нивниот предлог за законски измени.

Договорот за добрососедство со Бугарија е аргументот кој денеска најмногу беше користен од опозицијата.

Од власта пак велат, дека опозицијата ја замајува јавноста и дека историјата не се укинува со новата концепција на министерството за образование.

Комисијата за образование веќе неколку пати разговара по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени на законот за основно образование со кои историјата станува задолжителен предмет. Опозицијата покрај овие законски измени предлага и јавна расправа во парламентот за истата тема.