Опожарени пет хектари површина во каменичкото село Цера
Каменичките пожарникари го изгасија пожарот кој денеска избувна во атарот на селото Цера. Во пожарот изгорена е површина околу пет хектари со нискостеблеста вегетација.
-Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица учествуваше во гаснењето на пожарот во с.Цера кај месноста Побиен Камен во кој има изгорено околу пет хектари површина (суватрева, трње, папрат, нискостеблести растенија и ниски диви борчиња). Во гаснењето учествуваа едно противпожарно возило со пет пожарникари, информираше командирот на ТППЕ М.Каменица, Малин Трајчевски.Ова како што додава е трет пожар за неполн месец.
Опожарени пет хектари површина во каменичкото село Цера
Како што додаде, во моментот има нов пожар во селото Дулица, поради што екипа на ТППЕ е веќе на терен и улествува во гаснење на бор кој е зафатен од пожарот.
Трајчевски апелира на совесно однесување на граѓаните во природа се со цел да се избегнат несаканите последици.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза