Оперски арии со Ана Синицки на „БитФест“

Битолското културно лето „БитФест“ вечер продолжува со оперски арии во изведба на светски познатата оперска уметница со битолско потекло Ана Синицки, чиј концерт ќе се одржи во салата на клавирите во битолскиот Музеј, во придружба на пијанистката Мери Бојиќ Радојиќ.
Ана Синицки, мецосопран, има бројни меѓународни настапи, во театрите во Сиена, Пјаченца, Милано, Москва, Санкт Петербург... и со престижни оркестри како што се Симфонискиот оркестар „Џузепе Верди“ во Милано, Уметничкиот ансамбл на Министерството за одбрана на Србија „Станислав Бинички“, Младинската Филхармонија Наиссус...
Пред публиката во Битола, Синицки во придружба на пијанистката Мери Бојиќ Радојиќ, исто така позната на меѓународната музичка јавност, ќе приредат вечер на класична и кросовер музика - оперски арии, филмска музика, нумери од мјузикли, наполитански, шпански, руски и англиски песни.
На програмата се арии од Бизе, Росини, Чајковски, музика од филмот „Анастасија“, од мјузиклите „Мојата убава дама“ и „Бакни ме Кејт“, како и друг музички избор од богатиот репертоар.
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
