Оперативниот план за вработување за 2016 г. е усвоен од страна на Владата
Владата го усвои оперативниот план за поттикнување на вработувањата за 2016-та година. Како што изјави премиерот Груевски, планот, кој ќе го спрове Агенцијата за вработувања, ќе опфати 13,5 илјади луѓе.
Се работи за годишен план под кој потпаѓаат различните активни програми и мерки кои државата, преку ресорната агенција, секоја година ги спроведува со цел да ја намали невработеноста.
Така, за 2016-та предвидени се 11 милиони евра за поддршка за самовработување, субвенционирање на вработување на лица со социјален ризик, како и на млади невработени лица до 29 години.
Меѓу мерките кои досега се спроведуваа се и обуките кај познати работодавачи, обуки за стекнување напредни ИТ вештини, како и за занимања кои се дефицитарни на пазарот.
Од 2007-та до крајот на 2014-та за мерките за вработување аплицирале учествувале над 70.000 невработени, а тоа овозможило 36.700 вработувања.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
