ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците

ОпенАИ (OpenAI) јавно се извини откако еден од нивните модели на вештачка интелигенција (ВИ) доби неовластен пристап до веб-страници на австралиската влада.
Минатата недела, австралискиот премиер Антони Албанезе откри дека агент на ОпенАИ упаднал во најмалку една владина веб-страница. Инцидентот се случил во јуни, но Австралија не била известена сè до септември преку е-пошта испратена до јавно поштенско сандаче.
Во соопштението ОпенАИ изјави дека сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците.
Се наведува дека за време на интерна обука и евалуација, моделите на ОпенАИ пристапиле до четири веб-страници на австралиската влада на начин за кој немале овластување.
„Исто така требаше подобро да постапиме во нашиот одговор. Жал ни е и работиме да бидеме подобри во иднина“, соопшти ОпенАИ.
„Ова е нов вид кибер инцидент кој претставува глобален предизвик во подем“, додаде компанијата.
ОпенАИ изјави дека „одвојува ресурси и експертиза“ за да им помогне на засегнатите агенции, вклучувајќи и формирање на австралиска работна група за изработка на препораки за политики за управување со ризиците од вештачката интелигенција.
Исто така, ќе ја финансира работата на владата преку кредити од фонд од 1 милијарда долари кој ги субвенционира активностите за зајакнување на кибер одбраната.
Главниот стратег на ОпенАИ, Џејсон Куон, ќе се појави на сослушување пред владина комисија на почетокот на октомври.
„Знаеме дека ни претстои многу работа за да ја вратиме довербата и дека сме одговорни да им покажеме на Австралијците дека правиме значајни промени и ги исполнуваме нашите ветувања“, нагласи компанијата.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
