„Опел“ падна во канал на влезот во Кочани, според очевидци повредено е едно лице
Патничко возило од марката „опел“ со кочански регистерски ознаки, заврши во ископан канал на магистралниот пат на влезот во Кочани кај Подлошка кростосница. Од падот возилото претрпело сериозни оштетувања, а според очевидци едно лице се здобило со повреди на главата.
На местото на настанот забележливи се траги на кочење, но поради недоволната обележаност и несоодветната брзина возилото завршило во дупката длабока три метри.
-При падот автомобилот удри и во еден од поставените сообраќајни знаци, но со оглед што и покрај изведувањето на градежните работи не е поставена заштитна ограда, ниту пак местото е соодветно осветлено, опасноста од сообраќајни несреќи е постојано присутна. Ископаниот отвор е со ширина од неколку метри и се наоѓа токму на средина од коловозот, поради што потребна е поголема внимателност и намалена брзина на возилата за да се заобиколи по помошниот пат во близина, истакна очевидец на сообраќајната несреќа.
Службени лица од Полициската станица – Кочани направија увид на местото на настанот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра