Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
За опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот, предупреди претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас на денешната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на која присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Професорот Лекас објасни дека е висок ризикот од свлечишта по речиси целата должина на падините на калдерата на Санторини, но „опасноста е исто така висок со оглед на овие места има голема концентрација на луѓе најмалку осум месеци во годината“, што всушност се однесува на туристичките локации на островот.
Додаде дека ја мапирале опасноста од лизгање на земјиштето и врз основа на овие податоци пет области со висок ризик: пристаништето и патната мрежа од пристаништето, делови од Иа (Армени и Амуди) старото пристаниште и жичарницата и населбата Корфу.
Професорот по литосфера, сеизмологија и применета геофизика на Универзитетот „Аристотел“ во Солун Костас Папазахос, објасни дека областа на раседот во многу голема мера е пробиена, дека сè уште постојат празнини меѓу епицентрите, што може да доведе до посилен земјотрес, но дека сепак, раседот може да се пробие и со земјотреси со слична големина.
– Сепак, се чини дека сценаријата се подобри, бидејќи површината што е останата е помала и затоа се движиме кон поповолно сценарио. Во секој случај, жителите ќе продолжат да чувствуваат потреси во следниот временски период и треба да останат смирени. Се чини дека ситуацијата се движи кон подобро сценарио во однос на сеизмичката активност, објасни професорот.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис посочи дека го задржува овој охрабрувачки став на професорот и коментираше дека „денеска сме малку пооптимисти од вчера“, но како што истакна „без да може да се даде каква било прогноза“.
– Сите соодветни планови во моментов се спроведени, многу сили на државниот механизам се префрлени, не само на Санторини туку и на другите острови, за да можеме да бидеме подготвени за секоја веројатност. Вака ќе продолжиме и во следните денови, со надеж дека работите ќе се подобрат и појавата ќе деескалира, истакна Мицотакис.
Земјотресите на Санторини се чини дека продолжуваат со несмален ритам, а доколку се анализираат податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, од рано утрово беа регистрирани 18 земјотреси над четири степени, а претпладнево, во период од 25 минути имаше седум последователни потреси со јачина меѓу 4,1 и 4,8 степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев