-->
-->
ОМД: Граѓаните демократски да кажат „НЕ“ на францускиот предлог
-->

Обединета Македонска Дијаспора ги повикува сите граѓани демократски и мирно да кажат НЕ на Францускиот Предлог и еднаш засекогаш ги зацртаат црвените линии на Македонскиот идентитет, Македонскиот јазик и Македонската нација.
Македонија иако има свои слабости, иако скоро ниедна институција не е во корелација со интегрираните модерни држави, сепак има своја душа, има свој идентитет и повеќе од сите други држави на балканот демократски докажа дека нејзиниот пат е чист и незаслужува дополнително ништење на својата нација.
ОМД како и секогаш досега го поддржува интегритетот и сувереноста на Македонија како и го поддржува Европскиот пат и иднина на државата. Затоа е природно еднаш Македонците да бидат во право и барем еднаш да не се согласат со предлогот на Европската Унија.
Имајќи предвид дека Македонија веќе 20 години е на патот да го премине прагот како земја кандидат за членство во ЕУ, и ги остварува сите барања спрема унијата, ова е право време самата Унија да одигра џентламенски, ги прифати барањата на Македонците и го заштити Македонскиот идентитет и нација.
Утре, сите заедно мирно и достоинствено како Македонци да кажеме НЕ и се исправиме гордо над нашето сонце!”
Обединетата Македонска Дијаспора – Гордан Јорданов
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонски државјанин се удави во близина на Драч
-
На Табановце се чека до 30 минути, патот до ГП Пелинце затворен до 16 часот
-
Пред пратениците на 62. пленарна седница Дополнетиот ребаланс на Буџетот
-
Топлотен бран во земјава - да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Холдингс АС“ за ивестиција, вредна милијарда евра
-
Сончево и многу топло, до 42 степени
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот