ОМД апелира дијаспората да се регистрира за гласање
![]()
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) апелира до сите Македонци од дијаспората да се регистрираат во најскор можен рок, пред 11 месецов, за да можат да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември годинава.
Регистрација за гласањето, како што информира ОМД, може да се направи на линкот http://r20.rs6.net/tn.jsp.
Вкупниот број пријавени гласачи од дијаспората за претстојните избори, според ОМД, моментно е помал од 7.000.
- Не дозволувај друг да одлучува за твојата иднина! Ајде гласајте! На 11 декември, Република Македонија ќе се најде пред една од најважните крстосници во своето 25-годишно постоење како независна држава.Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број на гласачките места и да го изразиме нашето демократско право на глас, наведува во апелот ОМД.
Вкупниот број пријавени гласачи од дијаспората за претстојните избори, како што информира ОМД, моментно е помал од 7.000.
Гласањето во дијаспората ќе се одвива еден ден порано, односно на 10 декември во дипломатските конзуларни претставништва на Република Македонија низ светот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
