Омбудсман: Мирното изразување на протест е уставно гарантирано право

Народниот правобранител денеска преку соопштение апелира учениците да не се попречуваат во правото на мирно изразување на незадоволство, односно правото на слободно мислење и слободно изразување по однос на сите прашања кои ги засегаат децата и младината, согласно законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија.
- Мирното изразување на протест е уставно гарантирано право, поради што упатува преку непосреден дијалог да се слушне размислувањето на учениците за реформите во образованието, затоа што тие директно се засегнати од промените во воспитно-образованиот процес, што пак влијае на нивниот развој и изградба на нивната личност, се вели во соопштението.
Само по пат на комуникација и разговор за проблемите, како што се наведува, може да се очекуваат конструктивни и издржани промени, со кои ќе се постигне квалитетно образование, а со посветувањето на потребното внимание за ставовите на младите ќе се потврди дека се почитуваат како субјекти и му се дава важност на нивното учество при носењето одлуки кои ги засегаат директно децата и младите.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
