Оливер Вархеји замина од Скопје без да соопшти што разговарал
Тишината што ја остави зад себе Оливер Вархеи не е добар сигнал. Аналитичарите сметаат дека тој во Брисел нема да пренесе позитивни вести, во однос на решавање на спорот и кревање на ветото во јуни.
Содржински, посетата на Вархеи на Скопје остана во тајност. Под изговор дека е во работна, а не во официјална посета, еврокомесарот ги одбегна медиумите. Ваквата мистериозност е грешка и може да има контраефект, смета бугарскиот аналитичар Дечев.
За избегнувањето на медиумите и тајноста на Вархеи во гостувањето на Сител говореше и поранешниот министер Никола Димитров. Директно го обвини еврокомесарот дека давал паралелни предлози за решавање на спорот, кои придонеле што се уште нема договор.
Во меѓувреме, известувачот за Македонија од Европскиот Парламент Илхан Ќучук ја обвини Бугарија дека со ветото го запира европскиот проект. Тој посочи дека е опасно да се предлага разделување на Македонија и Албанија, бидејќи ЕУ ќе има потешкотии тоа до го објасни на партнерите во Скопје.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
