Оливер Спасовски по втор пат ќе сведочи за „27 април”
Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска треба да сведочи во новото рочиште за предметот „организатори на 27 април’’, каде обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.
За овој настан, но во друг кривичен предмет за „27 април“, Спасовски сведочеше и во 2018 година кога ја вршеше функцијата министер за внатрешни работи. Тој тогаш пред Кривичниот суд во Скопје, изјави дека по влегување на толпата во Собранието, се чуствувал беспомошен, исплашен за сопствениот живот, разочаран и згрозен од постапките на некои со кои секојдневно се гледале и соработувале.
Освен Спасовски, како сведок на Обвинителството на денешното рочиште за „организаторите на 27 април” е најавен и Антонио Кочков, учесник во протестите на „За заедничка Македонија”. Исто така и овој сведок претходно има сведочено за насилставата во Собранието на 27 април, но во предметот каде оштетен беше претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Минатото рочиште за овој предмет свои искази пред Судот дадоа сведоците Михаил Младеновски (обвинета, а потоа амнестиран за „27 април“) и Сашко Коцевкси, референт за системот и гласање во Собранието.
Ново на Сител
-
Избори во САД: Камала Харис и Доналд Трамп во трката за мандат во Белата куќа
-
Преглед на вестите од светот
-
НОБ пред софиската публика
-
Следната недела ќе се знае дали ќе има замрзнување на цените или намалување на маржата на производите
-
Позитивни очекувања по средбата Сиљановска-Радев во Софија
-
Двајца пилоти загинаа при пад на авион за време на вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Прва средба Сиљановска – Радев во Софија, ќе успее ли културната дипломатија