Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство

Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, но пред се жестока борба против криминалот и корупцијата. Ова на денешното официјално примопредавање на функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство го истакна новиот прв човек на Агенцијата Оливер Миланов.
Тој, на средбата со својот претходник, поранешниот директор на АХВ Николче Бабовски истакна дека дигитална трансформација на институцијта ќе биде во фокусот на неговото раководење со АХВ. Целта е обезбедување на подобра комуникација, но и безбедност на информациите, транспарентност и отчетност, со што како што потенцира тој, ќе ја подигнеме и довербата на граѓаните кон Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Како прв човек на Агенцијата, ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, пред се со оние од областа на безбедноста на храната и задрвствената заштита и благосостојбата на животните, но и со останатите, со домашните и меѓународните експерти, со медиумите и со другата јавност, со цел унапредување на работењето на институцијата во интерес на граѓаните, бизнис и невладиниот сектор – истакна Миланов.
Бабовски го запозна Миланов со тековните активности во АХВ и му посака успех во работата како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Време е за напорна работа, резултати, отчетност и транспарентност – порача новиот директор на АХВ Миланов.
Ново на Сител
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
-

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
-

Мицкоски по повод 9 Мај: Не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизиран
-

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои
-

Најмногу дожд во Претор
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
