Олимпискиот оган денес ќе биде запален во античка Олимпија

Традиционално од зраците на сонцето, во античка Олимпија денеска ќе биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, а откако ќе помине 11 дена низ цела Грција, на 26 април ќе им биде предаден на организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.
На денешната манифестација ќе присуствуваат претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, како и претседателите на Меѓународниот Олимписки комитет, на Грчкиот Олимписки комитет и на „Париз 2024“ Томас Бах, Спирос Капралос и Тони Естанге.
Веднаш откако ќе биде запален огнот, ќе започне и штафетното пренесување во цела Грција, организирано од Грчкиот олимписки комитет, што ќе трае 11 дена, а олимпискиот оган ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји со помош на 600 лица.
Ќе патува од низ целата земја, од најјужната до најсеверната точка, од исток до запад, од Крит до Александрополи и од Крф до Кастелоризо, поминувајќи низ 13 региони, седум острови, 43 градови, 41 општина, пет заедници, 10 археолошки локалитети и два олимписки музеи во Атина и Солун.
Следниот петок, на 26 април ќе пристигне во Атина, каде што во попладневните часови на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.
Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските Олимписки игри „Пекинг 2022“ и летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
