-->
-->
Олимпискиот факел ќе пристигне во Токио
-->
Олимпискиот факел денеска ќе пристигне во Токио, а потоа е планирано да помини низ цела Јапонија.
Организаторите на Олимписките игри во Токио вчера го презедоа олимпискиот пламен во Атина, на церемонија одржана без публика поради пандемијата со новиот коронавирус. Олимпискиот факел беше предаден на Олимпискиот срадион „Панатинаико“, каде се одржани првите модерни Игри во 1896 година.
Олимпискиот факел беше запален пред седум дена, а неговото патување низ Грција беше стопирано 24 часа подоцна поради Ковид-19.
Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани