-->
-->
Олимпијакос нов лидер во Евролигата
-->

Кошаркарите на Олимпијакос по триумфот синоќа на гостувањето кај Милано со 87:86, со натпревар повеќе во однос на ЦСКА Москва, се искачија на првата позиција.
Грчката екипа во рамките на 9. коло ја постигна седмата победа, а најефикасен кај победникот беше Џамел Мек Лејн со 22 поена, додека кај Милано најефикасен беше Американецот со македонски пасош Џордан Теодор со 20 поени.
Победа на гости во ова коло постигна и Басконија на дуелот во Белград против Црвена Звезда со 85:81.
На другите три дуели победија домашните екипи: Жалгирис - Анадолу Ефес 91:83, Бамберг - Валенсија 83:82 и Барселона - Макаби 89:67.
Денеска се играат три натпревари од оваа рунда: Фенербахче - Химки, Панатинаикос - Реал Мадрид и Уникаха - ЦСКА Москва.
Олимпијакос е прв на табелата со скор 7-2 (победи-порази), пред ЦСКА Москва со 6-2, а потоа следуваат: Реал Мадрид, Фенербахче, Панатинаикос и Химки со скор 5-3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
