Олеснети условите за влез во Италија
Амбасадата на Италија во земјава информира дека почнувајќи од денеска, 1 март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, повеќе ќе нема ограничувања за влез во таа земја.
– Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид-сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест, од кој се ослободени децата до шест години. При влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање патници PLF (Passenger Location Form), соопшти Италијанската амбасада.
Амбасадата потсетува и дека Италија донираше во Северна Македонија 250 000 дози од вакцината „Фајзер“ и дека тоа им овозможува на оние кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа со што ќе се зголеми и заштитеноста на населението.
Ново на Сител
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед