Свет
9. November 2016 - 13:35

Оланд за изборот на Доналд Трамп : Се отвора период на неизвесност

Францускиот претседател Франсоа Оланд, зборувајќи за изборот на кандидатот на републиканците за претседател на САД,  Доналд Трамп смета дека истиот  "отвора период на неизвесност".

Тој повика на „надминување на стравот" и „почитување на принципите на демократијата", јавува дописникот на МИА од Париз.


- Мораме да најдеме одговори, тие се во нас и тие треба само да бидат во можност да го надминат стравот, но и да ги почитуваат принципите врз кои се втемелени: демократијата и социјалниот модел, рече актуелниот шеф на француската држава.