Свет
29. May 2016 - 20:52

Оланд: Верден во исто време е и најлошо и најдобро

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Верден заедно ја одбележаа стогодишнината од една од најкрвавите битки од Првата светска војна, јави дописникот на МИА.

- Името (Верден) е симбол за незамислив ужас и апсурдност на војната, но исто така и за лекција на француско-германското помирување", изјави германската канцеларка во Градското собрание на Верден, прв прием на германски лидер во него. 

Оланд наведе дека „Верден првпат не е потсетник за неговото минато страдање, туку за неговата порака на надеж“.

- Верден е град кој што  го претставува најлошото, каде Европа се изгуби пред сто години, а исто така и најдоброто, каде што градот не бил во можност да се инвестира, да се обедини за мир и француско-германското пријателство. Да живее пријателството, духот на Верден ", заклучи Оланд.

Повеќе од триесет години, по ракување меѓу Франсоа Митеран и Хелмут Кол, пред костурницата на Дуамон  на 22 септември 1984 година, францускиот претседател и германската канцеларка не сакаа да го повторат овој гест, кој стана ритуал на спомен на француско-германските средби.