Оланд: Не завршивме со борбата против тероризмот
Во неговите желби за 2016 година, францускиот претседател Франсоа Оланд ја прекрши традицијата со вообичаени пораки за надеж и утеха за 2016 година, јавува дописникот на МИА од Париз.
Една година по нападите во јануари против Шарли Ебдо и Супермаркетот Кашер, Франсоа Оланд ги започна своите желби за 2016 година со предупредување.
- Ви ја должам вистината. Ние не завршивме со борбата на тероризмот, рече уште од самиот почеток на обраќањето, францускиот претседател.
Зборовите на сочувство за жртвите и нивните семејства од атентатите брзо беа изречени со безбедносната агенда дека, по 2015 - "година на страдање и отпор" – ветувајќи дека 2016 година ќе биде "Година на храброста ".
Покрај борбата против тероризмот на француска територија и во Сирија и Ирак, од каде доаѓаат корените, Франсоа Оланд, сака 2016 да биде годината на младите.
Како добар политички тактичар Франсоа Оланд знае дека нема да има други избори до претстојните претседателски во 2017.
По ограничениот пораз на локалните избори во декември, Оланд сака да им направи место во иднината за новите гласачи во 2017 година: на оние млади луѓе кои, според анкетите и покрај неговата рекордна непопуларност секогаш остануваат наклонети.
Оланд најави нови вработувања субвенции за малите и средни претпријатија.
Оланд потсети и на дипломатска победа добиена со договорот за климата на крајот на COP 21, и објавувањето на големи проекти - на ризикот од зголемување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со надеж дека невработеноста која во 2015 година ги надмина сите рекорди, конечно ќе запре да расте и да се намалува. Имено Франсоа Оланд, во неколку наврати ја поврза неговата можна кандидатура во 2017 со пресврт во борбата против невработеноста.
Ново на Сител
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри