Оланд и Меркел заедно ја одбележуваат стогодишнината од битката кај Верден
Франсоа Оланд и Ангела Меркел денеска ја одбележуваат 100-годишнината од битката кај Верден, една од најкрвавите во Големата војна, јави дописникот на МИА.
Со оваа прослава, францускиот претседател сака да испрати порака со која "ќе се фрли светлина на денешниот свет, во светло на историјата и на самоубиството на народите однесени во бездната со национализмите" .
На церемонијата присуствуваат 4.000 млади од Франција и Германија, од кои двајца ќе ги придружуваат канцеларката и претседателот во костурницата во Дуамон, како израз на волјата да се пренесе сеќавањето на војната чија последен сведок почина во 2008 година .
Во денешните прослави ќе биде тешко а да не се види одраз на комеморациите од 1984 кога Хелмут Кол и Франсоа Митеран во Дуамон се држеа за рака, што подоцна се претвори во симбол на француско-германското помирување.
"Она што треба да го направиме со канцеларката, не е помирувањето, тоа е направено (...). Ние треба да го направиме она што е потребно во овој момент за Европа" вели Франсоа Оланд.
За Меркел, која ја оцени поканата да дојде во Верден како знак на "голема доверба", "нема сомнение" дека Европа се соочува со тешки задачи. Но, Европа, „исто така направи многу работи", рече канцеларката, поздравувајќи ја француско-германската способност да "се најде компромис".
Денешното одбележување на една од најкрвавите битки од Првата светска војна, почна со едноминутно молчење на германските гробишта во Консенвој, исто како Кол и Митеран во 1984 година. На канцеларката и на претседателот, исто така, ќе им се даде факсимил од книгата за гости потпишан од страна на нивните претходници.
Потоа двајцата шефови на држави ќе го посетат градот Верден, првпат од еден германски лидер, како заедно ќе пуштат балони со гулаби на мирот.
Во овој град кој стана "симбол на плодниот мир", како што напиша генерал Де Гол за педесеттата годишнина од битката, претседателот и канцеларката за време на работниот ручек ќе разговараат за прашањето со мигрантите.
Ризиците од Брекзит, еден месец пред британскиот референдум закажан за 23 јуни, на кој ќе се одлучува дали Велика Британија ќе остане во Европската унија, исто така, треба да се најде во дневниот ред од средбата..
По посетата на реновираниот меморијал во Верден, каде ќе биде придружуван од претседателите на Европската комисија и Европскиот парламент, Жан-Клод Јункер и Мартин Шулц, кулминација на прославата ќе биде влезот на претседателот и канцеларката, секој придружен од една млада девојка во големиот брод на костурницата во Дуамон.
Националниот некропола, Дуомон е почивалиште на 130.000 француски и германски војници.
Истовремено, камбаните на десет километри околу меморијалот ќе бијат во спомен на битката што се водела од февруари до декември 1916 година и во која загинале повеќе од 300.000 жртви во двата табора.
Претходно, во амбиент дизајниран од страна на германски режисер Вокер Шлондорф, 3.400 млади Французи и Германци ќе се појават со звуците на херојски марш, борци на Првата светска војна, пред да паднат во предниот дел на костурницата во ритамот на тапаните на Бронкс.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија