Окупната цена на арпата во слободен пад
Нема пласман за овогодинешната реколта на ориз. Арпата од кочанско стои по амбарите, а откупувачите драстично ги намалија откупните цени. Оризопроизводителите разочарани вела дека наместо да се зголемува, откупната цена е за една третина пониска од минатогодишната.
- Имаме не фер однос од страна на откупувачите на оризовата арпа, цената оди надолу, значи имаме пад на цената на оризовата арпа, поради што постои големо незадоволство кај земјоделците. Не смее да се дозволи таков пад на цената на арпата, зашто цената на белиот ориз во малопродажба останува непроменета. Еве на пример, лансаката година имавме откуп на арпата по 30 денари па и повеќе за килограм, а сега се откупува по 20 денари, изјави Стојче Ташовски, оризопроиводител од Облешево.
Дополнителен проблем е врнежливото време, па не се гледа ниту крајот на жетвата. Во некои атари ќе се жнее и до Нова Година, што несомнено ќе се одрази и на квалитетот на реколтата.
- Дождовите ни прават проблем, не може да се жнее со забрзано темпо, потребно е сушење на ожнеаниот ориз и да чекаме подобро време, односно сонечеви периоди за да го собереме плодоот, додаде Ташовски.
Се уште се чека и да започне ветениот откуп за стоковите резерви. Доколку не се покачи цената на арпата, оризопроизводителите најавија дека повторно ќе излезат на протест со блокади на патиштата.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
