Оксфордската вакцина против коронавирус добро ги штити старите лица
Вакцината против коронавирус од Оксфорд разви силен имунолошки одговор кај луѓето во 60-тите и 70-тите години, давајќи надеж дека може да обезбеди добра заштита на најранливите групи.
Научниците кои работат на вакцината рекоа дека резултатите од втората фаза на клинички испитувања, спроведена врз 560 здрави доброволци, се охрабрувачки и дека сега работат на трета фаза каде што се тестира дали вакцината може да спречи инфекција со коронавирус. Не се пријавени никакви несакани ефекти, наведува „Скај њуз“.
Светот одамна има најголеми очекувања од оксфордската вакцина, што ја развиваат научници од тој универзитет во соработка со компанијата „АстраЗенека“. Во меѓувреме, тестовите беа прекинати поради фактот што некои учесници развија посериозни проблеми. Сепак, тестирањето сега продолжи.
Во меѓувреме, вакцините на американските компании „Фајзер“ и „Модерна“ започнаа со тестирање на третата фаза, а нивните први резултати ветуваат бидејќи покажуваат ефикасност поголема од 90 проценти и немаат посериозни несакани ефекти.
Ново на Сител
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?