Околу 800 бегалци го напуштија бегалскиот камп во Идомени

Очајот ги тера бегалците да бегаат од Идомени, каде се блокирани речиси 14.000 луѓе и од каде само во последните неколку часа заминале околу 800 лица, со надеж дека ќе бидат сместени во постоечките прифатни центри во реонот, објави грчкиот инфо сајт Њуз.ин.
Портпаролот на грчкото Координативно тело за справување со бегалската криза, Јоргос Кирицис синоќа изјави дека бегалците кои сега се наоѓаат на преминот Идомени на грчката страна од границата кон Македонија, доброволно ќе го напуштат ова место за една до две недели и ќе бидат преместени во некој од организираните прифатни центри.
Според него, при ова предност ќе им биде дадена на семејствата со деца.
Како што јави АНА-МПА, Кирицис нагласи дека полицијата нема насила да ги отстранува бегалците, туку дека ќе ги информира за затворањето на балканската багалска рута и дека не ќе може да заминат на север, за што ќе биде потребно извесно време.
- Веруваме дека Идомени ќе биде испразнет за една до две недели, рече Кирицис. - Ќе ги охрабриме да влезат во автобусите што ќе ги пренесат на места каде има подобри услови за живот, рече портпаролот на грчкото Координативно тело за справување со бегалската криза,
Во меѓу време, и грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас за атинската телевизија Мега изјави дека очекува нормализирање на ситуацијата во Идомени за една до две седмици.
Според него, целта на грчките власти е да ги убедат бегалците дека балканската рута е затворена, дека тоа е одговорност на северните соседи и дека мора да ги следат нивните упатства и да отидат во други кампови, каде ќе им биде обебзедно елиментарно сместување и храна до разрешувањето на ситуацијата.
Ново на Сител
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
-

Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД
-

Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
